Европската унија изрази „длабока загриженост“ за здравјето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој штрајкува со глад во затвор, изјави шефот на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел, повикувајќи на негово итно и безусловно ослободување. Борел ги повика руските власти веднаш да му овозможат на Навални пристап до „лекарите на кои им верува“ и додаде дека властите се одговорни за неговата безбедност и здравје.
Ќерката на Навални стравува за здравјето на нејзиниот татко во затвор
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе разговараат за ситуацијата со рускиот опозиционер Алексеј Навални, чија здравствена состојба се влошува, најави шефот на германската дипломатија, Хајко Мас за германскиот весник „Билд“. Германскиот министер побара од руските власти „итно“ да му дадат „соодветен медицински третман“ на Навални како и можност тој да биде прегледан од лекарите во кои тој има доверба.
Приведена лекарката која сакала да го прегледа Навални
44 годишниот Навални кој е во затвор започна штрајк со глад пред повеќе од три недели, во знак на протест против затворските власти што не му дозволија да биде прегледан од приватен лекар, поради болки во грбот и губење на чувствителност на нозете. Руски опозиционер, кој минатата година беше лекуван од труење со нервен отров во Германија, издржува затворска казна од две и пол години во логорот Покров, на околу 100 километри од Москва.