Петтиот пакет мерки трпи поради тврдоглавоста на власта, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески на прес конференција пред почетокот на собраниската седница. Тој ги обвини претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев за намерно кочење на изгласувањето на петтиот пакет антикризини мерки.
Тој посочува дека пратенците од опозицијата се во Собрание и ќе обезбедат кворум за гласање на петтиот пакет мерки. Стопанствениците и граѓаните два месеци чекаат помош од властата која работи на нивна штета, затоа што тој пакет стигна во Собрание на 19 февруари.
„Заев имаше кворум и кога сам себе си бараше гласање на доверба на Влада, и можеше тогаш да ги изгласа мерките, но тоа не го стори. Не го направи затоа што тој е кочничар и сака да направи атмосфера денеска дека некој друг ја кочи работата. Го повикуваме Џафери денеска да ја отпочне 36 -тата седница за таа веднаѓ да биде изгласаана и парите да стигнат до граѓаните и стопството. Дополнително го повикуваме Џафери во иднина да организира таканаречени ковид седници на кои ќе бидат ставени на дневен ред законски решенија потребни за справување со пандемијата. Врзувањето на закони за нужноста на справување со пандемијата со закони за кои само Заев знае зашто ги турка е безобразие и мора да престане“ изјави Мицевски.
Тој смета дека власта води борба за медиумско внимание на сметка на граѓаните и компаниите. Пристигнувањето на пратеници позитивни на ковид-19 со скафандери во собранието во ситуација кога за оддржувањето на седницата има кворум е преседан.
„Како да ги убедиме граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од пандемијата кога пратениците од СДСМ и ДУИ за да ги задоволат желбите на раководството есплицитно ги прекршуваат овие мерки и закони кои важат во државата“ вели Мицевски.
Пратеници во скафандер најавуваат присуство на собраниската седница за антикризни мерки
Претходно пратеничката од владејачкото мнозинство Бисера Костадиновска Стојчевска која е позитивна на ковид-19 на својот фејсбук профил најави дека ќе присуствува на денешната закажана седница во Собранието и дека ќе биде облечена во заштитена опрема односно скафандер. Таа објави дека е на пат кон Собранието со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествува на денешната седница на која треба да ги усвојат законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.
Доколку Собранието, во наредните денови ги усвојат антикризните закони, Фирмите и самостојните вршители на дејност ќе може до 30 април да аплицираат за помош за плати за февруари и за март. Пролонгирањето на рокот за пријавување е предвидено со амандман што беше усвоен во Комисијата за финансирање и буџет.