Чешка протера 18 руски дипломати

Илустрација, чешки војници поставуваат шатори во близина на експлодираниот магацин за муниција во Врбтенице во 2014 година

Чешките власти им наредија на 18 руски дипломати да ја напуштат земјата обвинувајќи ги дека се шпиони, откако чешки разузнавачи ги поврзаа руските воени агенти со масовна експлозија на складиштето со муниција во 2014 година. Чешкиот премиер Андреј Бабиш на вонредна прес конференција изјави дека одлуката за протерување на Русите е донесена врз основа на „ недвосмислени докази “ обезбедни од истражителите од чешките разузнавачи и безбедносните служни.

„Постои основано сомневање во врска со улогата на припадниците на руското воено разузнавање во експлозијата на складиштето за муниција во Врбетице во 2014 година. Чешка мораше да реагира на овие невидени откритија на соодветен начин,“ изјави Бабиш.

Министерот за внатрешни работи, Јан Хамачек кој е истовремено и вршител на должност министер за надворешни работи, изјави дека на дипломатите кои се идентификувани како разузнавачки оперативци им било наредено да ја напуштат Чешка во рок од 48 часа. Хамацек изјави дека случајот ќе биде презентиран и на состанокот на министери за надворешни работи на Европската Унија на 19 април.

При експлозијата на 16 октомври 2014 година во магацинот во Врбетице во источниот регион Злин на Чешка загинаа две лица, а настрадаа 50 тони муниција. Два месеци подоцна на истото место се случи уште една експлозија при што беа оштетени 13 тони муниција.