На Клиниката за ортопедски болести утрово првпат во историјата на македонското здравство беше направена операција со која се пресадени коски и коскени ткива од починат донор, соопшти денеска Министерството за здравство.
Станува збор за случајот со починатата 21-годишна девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.
„Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација, презервација, складирање и трансплантација на меки и коскени ткива при ЈЗУ ЗА ТОАРИЛУЦ, Универзитетска Клиника за ортопедски болести“ се наведува во соопштението.
Веќе наредната недела е планирана пресадување на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег, отстранет пред 12 години.
Листата на приматели на коски и меки ткива се пациенти коишто страдаат последици од тумор, траума, претходен оперативен зафат, вродени аномалии.
Бубрезите и коските од донорот на срцето ќе се трансплантираат кај други пациенти
Во изминативе 24 часа од почнатата донаторка на органи, 21 годишна девојка се пресадени нејзиното срце и еден бубрег. Втор пат во македонската здравствена историја денеска беше успешно пресадено човечко срце од починат пациент, со што му се овозможи втора шанса на 22 годишно момче за живот.
Успешна втора трансплатација на донирано срце
Од Министерството за здравство велат дека ткивата од еден донатор може да го подобрат животот на над 70 други личности, а на некои од нив и да го спасат.