Жителите од Ново Маало собираат потписи за петиција со која бараат да се дозволи изградбата на висококатниците спроти Холидеј ин во центарот на Скопје. Тие најавија дека нивната петиција ќе ја достават в понеделник до сите надлежни институции. Тие во соопштението до медиумите посочија дека се разочарани од соседите и сограѓаните кои живеат во Градски Ѕид и кои ја поднеле иницијативата за стопирање на градбата спроти Холидеј Ин. Според нив со таа иницијатива нивните сограѓани сакат да ги спречат да си го решат имотноправниот долгогодишен проблем.
„Сакаме да ги потсетиме дека кога нивните кули се градеа пред 50 години, тие доаѓаа кај нас да им помагаме, земаа вода и добиваа поддршка на секој начин. Овој нивни гест на себичност е за секоја осуда. Нивното право на ниеден начин не се нарушува, но нашето да. Тие на ниеден начин нема да бидат оштетени, но ние да“, посочуваат во соопштението.
Бетонско чудовиште или урбан „зелен објект“ ќе никне спроти „Холидеј Ин“
Додаваат дека оваа битка ќе ја продолжат до крај со сите можни средства.
Рокот од две недели за издавање на дозвола за градба почна да тече, откако инвеститорот МГ Фешн уплати комуналии во општините Скопје и Центар во вредност од 2,4 милиони евра на 10 април.
Законски опции за спречување на градбата на парцелата кај Холидеј Ин
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ се уште не го испратил до министерството за транспорт и врски елаборатот за суспенизија на спорниот Детален урбанистички план, кој е изработен уште во декември минатата година. Тој на советот на општина Центар предупреди на можни финансиски последици кон општината доколку ја почне постапката за суспензија, затоа што, како што вели, откако ќе почне суспензијата тече рокот за изготвување на нов ДУП а немало соодветни тарифници од надлежната комора.