Неколку часа по полноќ 22 годишно момче доби нови срце. На Клиниката за кардиохирургија беше успешно извршена втората трансплатација во историја на земјава на донирано срце. Операцијата ја извршиле доцна во ноќта лекари од јавното и приватното здравство. Оваа информација ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Момчето го доби срцето од девојка која загина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство дало согласност за донирање на нејзините органи.
„Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“, напиша пред малку министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.
Успешна првата трансплатација на срце од починат донор
Во мај минатата година беше извршена првата успешна трансплантација на срце. Срцето на починатата Емилија Динева продолжи да чука во 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.