Премиерот Зоран Заев, по средбата со лидерите на албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива - Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека постигнале договор за законот за државјанство.
„Законот веднаш ќе се работи. Од аспект на внимателност не кажуваме за деталите. Договоривме да споделиме со вас дека веруваме дека има договор. Конечно ќе ја утврдиме кога ќе ја видиме ставена на хартија преку сите правни аспекти“, рече Заев.
Ова беше трета средба на Заев со претставници на албанската опизиција за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, а што е поврзано со обидите за деблокирање на работата на Собранието.