Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, реагираше на наводите за идеите за прекројување на границите на теоријата на поранешна Југославија, односно наводниот „нон-пејпер“.
„Цртањето нови граници е опасен пат“, рече германскиот министер на Твитер.
Тој истакна дека земјите од Западен Балкан имаат иднина само како мултиетнички и мултирелигиозни општества.
„Регионалното помирување и соработка се клучевите за мир, демократија и просперитет“, рече Рот.
Видете и ова: „Нoн-пејпери“ и глупости: Словенија и „распадот“ на Босна
Овие тврдења доаѓаат по информацијата во некои медиуми во регионот, дека словенечкиот премиер Јанез Јанша излегол со предлог за прекројување на границите на Западен Балкан, како начин за решавање на хроничниот проблем меѓу шесте земји во регионот.
Да потсетиме, официјални претставници на Европската унија инсистираат на тоа дека не виделе таков документ. Радио Слободна Европа (РСЕ) не може да ја потврди автентичноста на нон-пејперот.