Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше дека тој и претставници од Министерството за здравство ќе одат во Белград на средба со српскиот министер за здравство Златибор Лончар за да договорат стратешки план за набавка на вакцини. Ваквиот потег доаѓа откако во институтот почнаа да се произведуваат вакцини на „Спутник В“, а со цел да се договори стратешко партнерство за во иднина.
„Иако овој момент не се потребни вакцини од таму, сепак, имаме разни најави, не можеме да претпоставиме што ќе се случува понатаму, и сметам дека инситутот Торлак ќе биде стратешки партнер за во идниот период за набавка на вакцини“, рече Филипче.
Тој посочи дека на средбата покрај за вакцини ќе се разговара и за други важни теми за меѓусебна соработка.