Радио Слободна Европа (РСЕ) поднесе итна петиција до Европскиот суд за човекови права за блокирање на Русија во спроведувањето казна за кршење на контроверзниот закон за „странски агенти“, што може да ги чини медиумите повеќе од милион американски долари.
РСЕ во соопштението за печатот објавено на крајот на 15 април рече дека побарало од судот во Стразбур да додели привремени мерки со кои ѝ се наредува на Русија да се воздржи од спроведување стотици „административни процедури“ што веќе ги донесе или се закани дека ќе ги започне против медиумските организации, согласно Законот за странски агенти, кој според критичарите е насочен кон замолчување на независните медиуми, особено на РСЕ.
Привремените мерки ќе бидат во сила се додека судот не донесе одлука за постапките на руската влада, соопшти РСЕ.
Законите за „странски агенти“ се однесуваат на медиуми финансирани од странство и на невладини организации за кои владата процени дека се занимаваат со политички активности и кои добиваат странски финансии. Законот беше критикуван затоа што има за цел да го поткопа граѓанското општество и да го дискредитира критичкото известување и несогласувањето со потезите на руската влада.