Во Сенатот на САД расправа за кинеската конкуренција

илустрација

Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат денеска ќе одржи расправа за „Законот за стратешка конкуренција“ фокусиран врз Кина. Во нацртот законот на американскиот Сенат се вели дека стратешкото натпреварување со Кина ќе бара одржлива политичка волја во наредните децении. Имено, како што се додава, во наредните децении Соединетите држави мора да ја спречат Кина да воспостави регионална хегемонија во регионот на Пацификот.

Ривалитетот меѓу САД и Кина им врши притисок на земјите во Евроазија

Исто така се наведува дека САД мора да ги охрабрат сојузниците да сторат повеќе во балансирање и проверка на агресивното и наметливо однесување на Кина. Законот предвидува дека шефот на секој федерален оддел и агенција на САД треба да назначи висок функционер за координирање на политиките во однос на стратешката конкуренција со Кина.