Компанијата „Џонсон и Џонсон“ започна да ги доставува своите вакцини против ковид-19 во Европската унија (ЕУ), потврди за новинската агенција Ројтерс еден од европските претставници.
Компанијата претходно планираше да започне со испорака на почетокот на април, но испораката беше одложена поради проблеми со производството.
„Џонсон и Џонсон денес започнаа да доставуваат вакцини во ЕУ. Многу добра вест“, рече Питер Лизе, член на парламентот на германската канцеларка Ангела Меркел.
Американската компанија вети дека ќе испорача 55 милиони дози до крајот на јуни и уште 120 милиони дози во третиот квартал, изјави еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон.