Компаниите од индустријата за организација на настани денеска почнаа со серијата протести пред Владата со барање до извршната власт да најде решение за состојбата на овој сектор, кој, како што рекоа денеска, поради пандемијата и ограничувањата за работа, има пад од 62 проценти. Според најавите, вакци протести ќе одржуваат секој дел се додека не се најде решение.
Од Асоцијација на компании од индустријата за организации на настани ИВАП велат дека тоа што Владата деновиве го претставува како помош, „ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании“.
„Според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62 отсто за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс“, нагласија од Асоцијацијата ИВАП.
Оттаму најавија дека протестите ќе се одвиваат во континуитет, секој ден од 12 до 15 часот, сé до постигнување, како што велат, взаемно прифатливо и одржливо решение.