Европската унија (ЕУ) има инструменти да ѝ помогне на Црна Гора во инфраструктурни инвестиции, но предупредува дека тоа не значи дека европските институции ќе преземат обврска да ги отплатат долговите што ги презеде земјата. Портпаролката на ЕУ, Ана Писонеро, потврди дека европските институции претставиле „конкретни инструменти“ за поддршка на големите инвестиции во инфраструктурата на Западен Балкан.
Според неа, економскиот и инвестицискиот план ќе помогнат да се користат средства од други јавни и приватни инвеститори, вклучително и Европската инвестициска банка, под многу поволни услови.
„Поддршката на ЕУ за одржливи инвестиции ќе придонесе за целта на Црна Гора да обезбеди одржливост на нејзиниот јавен долг, што е исто така клучно во контекст на нејзиниот процес на пристапување. ЕУ не враќа заеми од трети лица “, потенцира Писонеро, во писмениот одговор што го достави до медиумите.
Наводите на портпаролката на Брисел се поврзани со повиците од Подгорица за помош од Брисел за исплата на долговите што Црна Гора ги презеде од кинеските банки за изградба на автопатот.