Иран: прекинот на струја во нуклеарниот комплекс како нуклеарен тероризам

нуклеарниот комплекс Натанз

Иран го оцени вчерашниот прекин на електричната енергија во нуклеарниот комплекс Натанз како акт на „нуклеарен тероризам“ кој ќе ги зголеми тензиите во регионот. Директорот на иранската организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи, никој директно не обвини никого за инцидентот што се случи неколку часа откако беа пуштени центрифугите кои овозможуваат побрзо збогатување на ураниум. „За да ги спречи ваквите терористички акти, Иран ќе продолжи сериозно да ја унапредува нуклеарната технологија. Осудувајќи го овој очаен потег, Иран ја нагласува потребата од борба на меѓународните тела и Агенција за атомска енергија против овој нуклеарен тероризам“, рече Салехи.

Инцидент во иранската нуклеарна централа Натанз

Објавени се малку детали за тоа што навистина се случило во нуклеарниот комплекс Натанц, односно само дека прекинот на електричната енергија е предизвикан од откажување на електричната мрежа што ја снабдува централата. Многу израелски медиуми објавија дека Натанз останал во темница поради хакерски напад шт предизвикал штета во централата со чувствителни центрифуги. Доколку Израел предизвика прекин на електричната енергија во Натанз, тоа дополнително ќе ги зголеми тензиите во односите меѓу двете земји, кои се крајно непријателски расположени. Мистериозна експлозија се случи во Натанз во јули минатата година, која Техеран подоцна ја опиша како акт на саботажа. Израел е осомничен за тој напад.

Први разговори меѓу САД и Иран - во ист град, но не и во иста соба

Во меѓувреме, во Виена течат преговорите меѓу таа земја и другите потписнички на договорот од 2015 година за повторно вклучување на САД во тој пакт и укинување на американските санкции кон Иран. Соединетите држави го напуштија договорот со Иран во 2018 година, за време на поранешниот претседател Доналд Трамп, но новиот шеф на Белата куќа, Џо Бајден, како приоритет го утврди враќањето во рамките на договорот.