На референдум одобрен нов устав на Киргистан

Претседателот Садир Јапаров гласа на референдумот за нов устав на Киргистан, 11.04.2021.

На вчерашниот референдумот во Киргистан е одобрен новиот устав со кој се проширува моќта на претседателот Централната изборна комисија соопшти дека резултатите покажале дека околу 79 проценти од гласачите ги поддржале уставните измени. Одзивот бил околу 35 проценти, нешто над прагот од 30 проценти потребен за референдумот да биде важечки. Новиот устав ја намалува големината на парламентот за 25 проценти на 90 места и му дава на претседателот можност да именува судии и раководители на агенциите за спроведување на законот.

Путин: Белорусија и Киргистан се под странски притисок

Исто така, се предвидува формирање „консултативен и координативен орган“ што ќе го контролира претседателот. Критичарите велат дека тоа може да дејствува како паралелен парламент и начин на кој претседателот може да има поголема моќ. Референдумот се одржа три месеци откако Садир Јапаров беше избран за претседател по бурниот период и соборувањето на претходната влада во услови на протести за парламентарните избори во октомври и повеќемесечните политички расправии околу иднината на оваа централноазиска земја. Јапаров предложи изготвување на нов устав во ноември 2020 година, кога тој излезе од превирањата како вршител на должноста претседател.

Претседателски избори во Киргистан


Тој лесно победи на претседателските избори во јануари, додека на референдумот одржан во тандем гласачите се определија за претседателски систем кој беше главен дел на предложените уставни амандмани. Инциденти и неправилности се пријавени на некои избирачки места.