Македонската полиција извршува голема акција заедно со американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА), соопшти денеска на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски .
Тој наведува дека во акцијата била запленета дрога во вредност од над 800.000 евра и дека е привиден висок полициски службеник.
Повеќе детали не се наведени. Спасовски вели дека со стратешките партнери ќе продолжат во „неселективна борба против криминалот.“