ЕК: Нема причина воопшто да не се користи вакцината на АстраЗенека

Илустрација

Европската Комисија (ЕК) соопшти денеска дека „нема причина воопшто да не се користи вакцината на АстраЗенека по мислењето на Европската агенција за лекови“ (ЕМА), јави МИА од Брисел.

„Европската агенција за лекови штотуку даде позитивно мислење за Астра Зенека бидејќи бенефитите и натаму се поголеми од ризиците, таа не побара да се престане со Астра Зенека, некои земји членки одлучија да заземат построг пристап, нема причина воопшто да не се користи“, изјави портпаролот за здравство на Европската Комисија, Стефан Де Керсмакер.

ЕМА, по информациите за можна поврзаност на тромботична реакција по примањето на вакцината од АстраЗенека, соопшти дека секоја држава сама да одлучи дали вакцината ќе ја дава на лица помлади од 60 години. Македонија одлучи да не ја дава вакцината на помлади од 60 години.