Иран го ослободи капетанот на јужнокорејскиот танкер запленет во јануари, а бродот продолжи да плови, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Сеул. Во соопштението се наведува дека капетанот на бродот кој пловел под јужнокорејското знаме бил ослободен и дека танкерот „денеска го продолжил пловењето“. Бродот беше запленет во моментот кога Техеран вршеше притисок врз Сеул поради замрзнати милијарди долари поради американските санкции.
Јужна Кореја ќе испрати делегација во Иран за запленетиот танкер
На 4 јануари, бродови на Иранската револуционерна гарда запленија јужнокорејски брод во водите на Заливот поради, како што беше соопштено, ризик по животната средина. Заплената на бродот придонесе за тензии на Блискиот исток меѓу Техеран и Запад. Техеран тогаш објави дека започнал да збогатува ураниум до 20 проценти.