Словачкиот министер за финансии Игор Матович денеска треба да соопшти детали за неговото патување во Москва и нарачката на контроверзните руски вакцини Спутник V. До ова дојде откако словачката агенција за лекови СУКЛ соопшти дека сериите вакцини Спутник V што ги добиле се разликуваат од оние прегледани од меѓународни научници и од регулаторот на Европската унија. Агенцијата соопшти дека открила оти дозирната форма на вакцината - начинот на презентирање на лекот - се разликува од производот што во моментов го проверува Европската агенција за лекови, како дел од сегашниот преглед, потребен за одобрување од ЕУ.
Пет земји членки на ЕУ бараат рамноправна распределба на вакцините
Веднаш потоа Русија ја повика Словачка да врати стотици илјади дози вакцина Спутник V, повикувајќи се на повреда на договорот. Со оглед на сериозните доцнења во нарачките за вакцини ширум ЕУ, Матович, како што претходно изјави, планирал да ја направи Словачка втора земја во ЕУ по Унгарија што започна да ја користи вакцината, и покрај недостатокот на дозвола од агенцијата за лекови на ЕУ ЕМА. Но, нарачувајќи ја вакцината, Матович делуваше зад грбот на неговите коалициски партнери и беше принуден да се повлече во коалициската криза што следеше. Словачка нарача 2 милиони дози, значителен број за земја со 5,5 милиони жители.