Во Албанија пристигнаа кинеските вакцини со еден ден задоцнување

Вакцинација во Тирана.

На аеродромот во Тирана, попладнево пристигна пратка со 100 илјади дози кинески вакцини, со еден ден задоцнување, поради блокадата на аеродромот од страна на контролорите на летање, напиша премиерот на Албанија Еди Рама на Фејсбук.

Тој напиша дека дека се решени да продолжатсо високи стапки на масовна вакцинација и да гарантираат олеснета туристичка сезона со високи приходи за Албанија.

Ова е втора пратка, по онаа од 192 илјади вакцини што пристигнаа на 25 минатиот месец, од договорените милион дози кинеска вакцина, преку дистрибутер од Турција.

Поради штрајк на контролорите на летање во Албанија вчера и денеска до попладне беа одложени сите летови. По пристигнување на контролори од Турција, денсека е дозволено само суштински летови, додека од утре аеродромот ќе работи нормално.