Нов рекорд на заразени со ковид во Иран

Техеран, април 2021.

Во Иран е регистриран нов дневен рекорд на заразени со ковид-19. Забележани се повеќе од 22 илјади новозаразени по празникот кога се прославува персиската Нова година. Со новите случаи бројот на досега потврдени случаи со ковид-19 надмина два милиони. Во изминатто деноноќие имало 118 нови жртви, со што бројот на смртни случи се искачи на 63.884.

Но некои критичари на власта велат дека таа ги крие реалните бројки, кои според критичарите се далеку поголеми.

Официјалните лица, пак, велат дека растот на новозаразени е последица на празникот, кога милиони Иранци патувале и покрај предупредувањата на здравствените власти да не го прават тоа.


Минатата година, за време на персиската Нова година имаше строги органичувања и забрана за собири и движења, но оваа година Иран избегна да наметне целосна блокада за населението. Во земјата има 82 милиони жители. Во Иран процесот на вакцинација започна во февруари.