Министерот за Информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, денеска, презентирајќи го извештајот за вработувањата во јавниот сектор од минатата година, изјави дека за три отсто се намалени вработувањата во јавниот сектор во 2020, во однос на 2019 година.
„Најмногу нови вработувања има во здравството и во социјалната и детската заштита. Во 2019 година биле вработени во органите на државната власт 16522 лица, а во 2020 година овој број е 15945. Тоа е намалување за 577 вработувања или 3%“, рече министерот Шаќири.
Видете и ова: Илјадници работници може да останат без работаСпоред Шаќири, од вкупниот број вработени во јавниот сектор до крајот на 2020 година, кој изнесува 131183 лица, најмногу вработувања се во образованието - 32%, потоа во здравството- 19%, во Управата - 14%, во јавните претпријатија - 9, 6% и во детската и социјалната заштита - 6, 8%.
„54, 83% од вработените се жени, а 45,17% се мажи, со просечна старост од 46 години. 53, 62% вработени во јавниот сектор имаат високо образование, а 12, 2 % се вработени во органите на државната управа. Во тек се разговори со директорот на Пазарниот инспекторат за трансфер на дел од „рамковно вработените“ преку Министерството за политички систем во таа институција“, рече министерот Шаќири.