Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше дека, согласно препораките на Европската агенција за лекови (ЕМА) да секоја држава завземе сопствен став за употреба на вакцината, одлучено е дека вакцината против ковид-19 на АстраЗенека кај нас ќе се дава исклучиво на лица постари од 60 години.
"Утрово разговаравме и го разгледувавме ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината на Астра Зенека, после евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе, бордот излезе со две препораки, првата е дека тие несакани тромботични ефекти треба да влезат во упатството на самата вакцина и второ дека секоја држава треба за завземе став во однос на тоа како ќе се користи вакцината и согласно тоа после утринските консултации донесовме став да вакцината на Астра Зенека не се дава на лица помлади лица од 60 години во нашата земја", рече Филипче.
За сите граѓани кои ја примија вакцината на АстраЗенека во Србија, доколку почувствуваат некакви симптоми најдобро е да се јават на контола и преглед кај лекар, а за ревакцинацијата на овие лица дополнително ќе се одлучува врз основа на насоките од националните светски агенции.