Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе претстави серија мерки насочени кон борба против вооруженото насилство, спроведувајќи го предизборно ветување за воведување на построги ограничувања на носењето оружје, пренесува АП, повикувајќи се на анонимен извор запознат со плановите. Се очекува Бајден да објави построги регулативи кои вклучуваат елиминација на пазарот за таканаречено импровизирано оружје, како и построги проверки на оние што купуваат оружје.
Во престрелка во САД убиени шест лица
Во Соединетите држави, според сегашниот закон, огненото оружје што се прави дури и дома, како што е недовршен пиштол без сериски број, може да се продава без безбедносна проверка. Бајден исто така планира да номинира кандидат за шеф на Агенцијата за алкохол, тутун и огнено оружје кој ќе биде клучен за спроведување на законот. Оваа Агенција нема постојан директор од 2015 година. Бајден се соочува со зголемен притисок да воведе строги ограничувања на носењето оружје по серијата престрелки низ САД во последно време, во кои беа убиени многу луѓе.