Советодавниот панел за безбедност на вакцините на Светската здравствена организација денеска соопшти дека причинската врска помеѓу вакцината на АстраЗенека против ковид-19 и ретките случаи на згрутчување на крвта со ниски тромбоцити „се смета за веродостојна, но не е потврдена“.
ЕМА откри можна врска меѓу вакцината на АстраЗенека и згрутучување на крвта
Независните експерти, во изјавата дадена по прегледот на најновите глобални податоци, велат дека се потребни специјализирани студии за целосно разбирање на потенцијалната врска помеѓу вакцинацијата и можните фактори на ризик.
„Важно е да се напомене дека, иако се загрижувачки, настаните што се проценуваат се многу ретки, со мал број пријавени меѓу скоро 200 милиони лица кои примиле вакцина на АстраЗенека низ целиот свет“, наведува панелот.
Советодавниот панел повторно ќе се состане следната недела за да разгледа дополнителните податоци.
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека открила можна врска помеѓу вакцината на АстраЗенека и извештаите за случаи на згрутчување на крвта кај луѓето кои ја примиле вакцината.