Вкупно 5.236 надзори и контроли спровеле инспекциските служби во периодот од 29 март од 4 април. Затворени се осум угостителски објекти поради непочитување на протоколот за работа. По два угостителски објекта се од Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово.
„Во овие угостителски објекти не се почитувало работното време или бројот на гости, односно ограничувањето на гости на една маса. Во сите овие случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози, изјави директорката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.
Таа апелира до угостителските субјекти и до граѓаните да ги почитуваат новите рестриктивни мерки, а ги охрабрува инспекторите да вршат засилени контроли.