ЕМА ќе ги истражува „етичките стандарди“ при тестирањето на Спутник V

Илустрација

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе започне истрага следната недела дали клиничките испитувања на руската вакцина Спутник V против КОВИД 19 се во согласност со етичките и научните стандарди, пишува британскиот дневен весник Фајненшл тајмс.

Според весникот, истрагата на ЕМА за тоа дали тестовите на Спутник V биле во согласност со стандардите за „добра клиничка пракса“ започнала откако луѓето кои биле запознаени со процесот на одобрување, изразиле загриженост дека не се водени етички.

Русија соопшти дека припадниците на армијата и државните службеници учествувале во тестирањето на вакцините изработени од државната лабораторија и финансирани од рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).