Декларацијата од Тирана за заеднички регионални протоколи за помош на туризмот на Западен Балкан ќе биде потврдена во рамките на дводневната регионална онлајн конференција „Туризмот како клуч за одржлив развој“. Конференцијата денеска ќе ја отворат генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу и директорката на регионалниот оддел за Европа на Светската туристичка организација Алесандра Прианте. Официјалната потврда на Тиранската декларација за заеднички регионални протоколи за помош на туризмот на Западен Балкан ќе следи утре, на вториот ден од конференцијата. На конференцијата ќе учествуваат министри и високи претставници одговорни за туризам од шесте економии на Западен Балкан, како и членови на работната група за туризам од Западен Балкан, претставници на Европската комисија, делегацијата на Европската унија на Западен Балкан и меѓународни организации кои работат во регионот.
Виното е љубов, а винскиот туризам иднината
Декларацијата од Тирана предвидува: позиционирање на туризмот како клучен стратешки сектор за регионално закрепнување на економијата и одржлив развој, координирање на повторното отворање и продолжување на синџирот на снабдување на туристичката и патничката индустрија, овозможување безбедно и непречено патување, поттикнување на закрепнување и раст на шесте економии на Западен Балкан, примена на усогласени здравствени и хигиенски протоколи за усогласување на закрепнувањето и поттикнување на довербата на патниците и координација на промоцијата и информациите за градење доверба во регионот како одговорна, сигурна и одржлива дестинација, се вели во соопштението на Советот за регионална соработка.