Шефовите на ЕУ загрижени за човековите права во Турција

Шарл Мишел, Реџеп Таип Ердоган и Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изразија длабока загриженост за состојбата со човековите права во Турција, по првиот состанок после една година со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Важно е Турција да го почитува Европскиот суд за човекови права, кој јасно донесе пресуда за затворените државјани на Турција, Осман Кавала и Селахатин Демиртас, изјави фон дер Лајен.

„Разговаравме за тоа дека Европскиот суд е јасен за Кавала и Демиртас. Како основачка членка на Европскиот совет, важно е Турција да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права, рече претседателот на Европската комисија, пренесува Ројтерс.

Европскиот суд за човекови права донесе одлука за непосредно ослободување на Кавала, филантроп кој е затворен повеќе од три години без пресуда и Демирташ, поранешен лидер на турската прокурдска Демократска партија, кој беше затворен повеќе од четири години.

„Владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права се основни вредности на Европската унија и ние со претседателот на Турција ја споделивме длабоката загриженост за најновите случувања во тој домен во Турција“, напиша Мишел на Твитер по скоро тричасовна средба со Ердоган во Анкара.

ЕУ со критики до Турција за повлекувањето од Истанбулската конвенција

Тој ја повика Турција да продолжи да работи на решавање на споровите со Грција и Кипар околу правата на гас во Средоземното Море. Посетата на Мишел и Урсула фон дер Лајан следеше по минатомесечниот самит на ЕУ, на кој блокот објави дека може да започне да работи на подлабоки трговски врски и да обезбеди повеќе пари за бегалците и мигрантите во Турција, пренесе Асошиејтед прес (АП).