Приведена лекарката која сакала да го прегледа Навални

Ана Василјева

Полицијата ја уапсила шефицата на Рускиот Сојуз на лекари, Ана Василјева пред затворот, кога таа побарала дозвола да го прегледа опозицискиот политичар Алексеј Навални откако тој беше пренесен во болничко одделение со силна кашлица и треска, пишува Радио слободна Европа на англиски јазик.

Безбедноста околу затворот во кој се наоѓа Навални била зајакната откако синдикатот на Сојузот на лекари повика на „хуманитарна акција“ и „квалификуван третман“ за Навални.

Василjева пристигнала во затворот и се обидела да побара дозвола да го види Навални, но затворските службеници одбиле да се состанат со неа како со „претставник на медицинската заедница“. Таа изјави дека шефот на затворот предложил писменото барање за посета да се испрати по препорачана пошта. Набргу потоа, таа била однесена со полициско комбе без образложение.

Навални: Цимерите во затворот заболуваат од туберколоза

Васиjeева и другите приврзаници на Навални се собрале околу импровизираниот пункт со метална бариера поставен од полицијата порано во текот на денот за да го блокираат патот што води кон озлогласениот затвор, на околу 100 километри од Москва. Полицискиот кордон следува откако Навални вчера на Инстаграм напиша дека му била дијагностицирана „силна кашлица“ и температура од 38,1 степени Целзиусови, откако третиот затвореник бил испратен во болница со сомневање за туберкулоза.

Синдикатот на лекарите ја критикуваше ситуацијата во затворот, велејќи дека лекарите „немаат доволно опрема за лекување на пациентот“. Најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во моментов е затворен во една од најтешките казнено-поправни установи во Русија. Навални соопшти дека во неговата затворска келија има 15 лица, од кои тројца се веќе хоспитализирани поради сомневање за туберкулоза.