Американската министерка за финансии Џенет Јелен вели дека работи со земјите од Г20 за да се договори за глобалната минимална даночна стапка на корпорациите предложена од администрацијата на Бајден. Во виртуелен говор пред Советот за глобални прашања во Чикаго таа рече дека глобалниот минимален данок на претпријатијата ќе ја запре ерозијата на приходите на владата и ќе помогне да се стави крај на „30-годишната трка до дното по стапките на данок на добивка“ што се случи бидејќи земјите се натпреваруваа за привлекување мултинационални бизниси. Говорот на Јелен доаѓа токму кога пролетните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) започнаа во виртуелен формат.
Г20 треба да обезбеди 650 милијарди долари за ММФ за олеснување на долговите
Преговорите за глобална минимална даночна стапка на корпорации се водат во Организацијата за економска соработка и развој околу две години, а предлогот на САД може да помогне во напредокот на тие разговори. Претседателот Џо Бајден изрази негодување што мултинационалните компании како „Амазон“ ги префрлија операциите во даночни раеви или користеа дупки за да плаќаат малку или воопшто да не плаќаат даноци и рече дека ќе стави крај на ваквите практики. Бајден предложи покачување на стапката на данок на добивка во САД на 28 проценти од 21 процент, како дел од неговиот предлог план за трошење на инфраструктурата од 1,9 трилиони американски долари.
ММФ побара богатите земји да им помогнат на посиромашните
Јелен исто така рече дека ќе ги искористи состаноците на Светска банка и ММФ оваа недела за да ги унапреди дискусиите за климатските промени и да се подобри пристапот на вакцини за сиромашните земји. Јелен истакна дека многу нации во развој заостануваат во вакцинирањето на своето население против КОВИД-19 и изрази жалење дека дури 150 милиони луѓе ширум светот ќе западнат во екстремна сиромаштија оваа година, рече Јелен.