Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ предложи смена на министерот за правда Владимир Лепосавиќ поради неговиот став за геноцидот во Сребреница. На вонредна прес-конференција, Кривокапиќ објави дека веќе испратил предлог за смена на Лепосавиќ до Парламентот на Црна Гора.
За време на седницата на црногорскиот парламент на 26 март, Владимир Лепосавиќ рече дека е подготвен да признае дека геноцидот се случил во Сребреница „кога тој е недвосмислено утврден“. Лепосавиќ, исто така, го оспори легитимитетот на Хашкиот трибунал за поранешна Југославија, кој пресуди дека геноцидот се случил во Сребреница.