Во болниците во Македонија се лекуваат 1720 ковид пациенти

Илистрација - Ковид-19 амбуланта во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците во Македонија е пријавено дека се лекуваат вкупно 1021 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1720 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“, соопшти МЗ.

Според Министерството, „сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, а Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.