Судско рочиште во случајот за корупција на израелскиот премиер Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот суд денеска ќе го започне сослушувањето сведоци во судењето за корупција на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој е првиот израелски премиер обвинет додека е на функција. Нетанјаху се товари за прифаќање на подароци и обид за размена на регулаторни бенефицци на медиумски магнати во замена за позитивно известување. Нетанјаху во повеќе наврати изјави дека е жртва на лов на вештерки, нарекувајќи ги обвиненијата против него „измислени и смешни“. Тој ги отфрли обвиненијата за корупција за време на краткото појавување пред судот на 8 февруари. Обвиненијата против него се поделени во три одделни случаи. Најсериозно, тој е обвинет за мито, измама и нарушување на довербата во врска со наводите дека преговарал со телемуникацискиот магнат Шаул Елович за да обезбеди позитивно покривање на неговата веб-страница.

Нема јасен победник на изборите во Израел, можни петти избори во две години

Друг случај се однесува на обвинувањата дека Нетанјаху барал договор со сопственикот на весникот „Једиот Ахаронот“, исто така, за поповолно известување. Третот вклучува тврдења дека премиерот и неговото семејство добиле подароци, вклучувајќи луксузни пури, шампањско и накит во вредност од повеќе од 213.000 долари од богати поединци во замена за финансиски или лични услуги. Премиерот негира дека направил погрешно дело. Тој ќе биде принуден да поднесе оставка доколку биде осуден со сите исцрпени жалби, но тој процес веројатно ќе трае неколку години. Главниот ривал на Нетанјаху, Бени Гантц, го означи премиерот ветеран како нечесен. Адвокатите на Нетанјаху го обвинија државниот обвинител Авичаи Манделблит - именуван од Нетанјаху - за лошо водење на случајот.