Британскиот премиер Борис Џонсон се очекува денеска да соопшти повеќе детали околу намерата на неговата влада влада да тестира воведување на сертификат за статус на коронавирус во наредните месеци за да се овозможи безбедно враќање на масовните посети на спортски терени и ноќни клубови. Станува збор за сертификат за тоа дали некое лице примило вакцината и дали има антитела кон ковид-19 или негативен тест. Пробниот систем ќе се тестира во полуфиналето и финалето на ФА купот во фудбал и Светското првенство во снукер.
Во Британија втора фаза на олеснување на мерките против коронавирусот
Според владата, пилот-воведувањето на сертификатот ќе игра важна улога во „отворањето на земјата за луѓето да можат што посигурно да се вратат на настаните, патувањата и другите работи што ги сакаат“. Воведувањето „сертификатот треба да биде одобрено од британскиот парламент, што засега е неизвесно, бидејќи десетици пратеници од Конзервативната партија на Џонсон, како и членови на опозициската Лабуристичка партија се противат на ваквиот предлог.