Денеска во Србија ќе биде доставен нов контингент кинески вакцини Синофарм против коронавирус. Како што е најавено од Владата на Србија, контингентот ќе биде пречекан од премиерката Ана Брнабиќ на белградскиот аеродром Никола Тесла. Таа претходно најави дека 500.000 дози вакцини ќе пристигнат во Србија, како и дека денеска треба да бидат доставени околу 106000 дози вакцини од Фајзер.
Владата размислува летово српските државјани да не плаќаат патарина
Инаку, од денеска во Србија малку се олеснуваат епидемиолошките мерки, а угостителските објекти на отворено ќе работат до 22 часот. „Се надевам дека ќе го вратиме животот во нормала до крајот на јуни", рече Брнабиќ. Во меѓувреме 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 19 отсто е ревакцинирани.