Вјоса Османи избрана за претседател на Косово

Вјоса Османи

Косовскиот парламент денеска ја избра Вјоса Османи, кандидат на владејачкото движење Самоопределување, за нов претседател на земјата.

Со 71 глас, Османи беше избрана на третото гласање. Осумдесет и двајца пратеници учествуваа на гласањето, но 11 гласачки ливчиња беа дисквалификувани. Противникот на Османи, Насуф Бејта, не обезбеди гласови.

Изборите се одржаа по еден ден откако парламентот не избра претседател затоа што не беше во можност да ги обезбеди 80-те гласови потребни за формирање кворум.

Косово доби нова влада, на чело со Албин Курти

Доколку парламентот не успееше да избере претседател до 5 ти април, автоматски ќе беа распишани предвремени парламентарни избори.

Самоопределување освои 58 од 120 места на изборите во февруари и формираше владејачка коалиција со девет парламентарци кои ги застапуваат несрпските етнички малцинства.