Како последица на вирусот ковид-19, почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев, кој во два наврата по два мандата раководеше со демиркаписката општина. Димитриев беше на 63 годишна возраст.
Димитриев прво бил во болница во Кавадарци една недела, а потоа во Скопје, каде по подобрување на состојбата дошло до нагло влошување и починал.