Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1036 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 220 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа пак во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно во главниот град се лекуваат 703 лица сомнителни и потврдени за ковид-19.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, информираат од ресорното министерство
Оттаму додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Филипче:Има пациенти со многу тешка клиничка слика
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 примени пациенти а четири биле примени на Инфективната клиника вчера.
Во Козле бил примен еден нов болен, а осум пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 10 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 43 оздравени пациенти.