Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска гласаше на парламентарните избори во земјата
"Гласав против распадот на државноста, беззаконието и корупцијата, за слободна и просперитетна Бугарија, рече Радев и ги повика бугарските граѓани да гласаат додавајќи дека „во спротивно историјата ќе не испрати на поправен испит по демократија“.
Излезноста на изборите до 10 часот, според Централната изборна комисија, е 7,58 отсто, што е за половина процент помалку отколку на претходните парламентарни избори во март 2017 година
Бугарија побара отповикување руски дипломат поради шпионажа
Инаку Радев, денеска, две недели по обелоденувањето, за првпат го коментираше и шпионскиот скандал во Бугарија за протекувањето информации до руските служби од бугарската војска.
"Ако судот го потврди масовниот упад во личната безбедност, тоа значи дека имаме длабок внатрешен проблем што ја компромитира не само националната безбедност, туку и безбедноста на сојузниците, и сериозно ја дискредитира Бугарија, оцени бугарскиот претседател.
Русија со реципрочна мерка - протерува бугарски дипломат
Бугарија протера руските официјални лица во март под сомнение за шпионажа.