Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно организираше протест пред Министетството за здравство барајќи оставка од министерот Венко Филипче зашто сметаат дека не ја менаџира добро здравствената криза.
На протестот кој се одвиваше под слоганот– „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“ се фрлаа балони со вода кон зградата на Министерството.
Дафина Стојаноска, член на партискиот Извршен комитет, по едноминутно молчење за 3.860 починати од КОВИД-19 во земјава, рече дека министерот „нема ни жал, ни доблест да се извини или да се повлече“ и дека се обидел да ја префрли или сподели одговорноста.
Патувањето на Заев и Филипче вчера со хеликоптер до Прилеп го нарече авантура што чини околу 4.000 евра.
"А сета, нивна негрижа и неработа не чини сите преку 132 000 заразени и близу 4.000 починати", рече Стојановска дополнувајки дека нема доволно кислород за ковид-пациентите, ниту набавени вакцини.
Пратеничката од ВМРО- ДПМНЕ Велика Стојкова-Серафомовска рече дека голем дел од здравствените работници се уште не се вакцинирани, дури и оние кои работат во болниците во ургентните одделенија и се изложени на најголем ризик.
Според пратеникот Дарко Костовски, доколку власта набавела вакцини и имала систем за справување со ковид-кризата, бројот на заразени и починати немало да биде толку голем.
Министетството за здравство, Венко Филипче , пак ,денеска до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, апелираше да бидат конструктивни.
Филипче:Има пациенти со многу тешка клиничка слика
"Ние даваме се од себе. Ако не помагаат, барем да не одмагаат", рече Филипче при посетата на СЦ „Борис Трајковски“ каде што задутре ќе почне масовна имунизација.