Османи: Од понеделник нова динамика на комуникација со Бугарија

Бујар Османи

Оптимист сум дека со новиот пристап на градење доверба преку секторска соработка и со завршувањето на изборниот процес во Бугарија ќе го вратиме амбиентот на рационална дебата, која очекувам да се случи од понеделник со цел сериозен ангажман на двете страни во надминување на разликите за да се добие можност во јунско-јулските самити на ЕУ да се донесе консензус по однос на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција", изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарски-прашања на денешната прес-конференција на која го претстави новиот план на МНР Рефлексија 20-30.

Прашан дали очекува попозитивни односи со Бугарија по изборите, Османи, изрази верување дека тоа е можно и најави започнување со прашањата кои не зближуваат.

"Најдобрата стратегија е да започнеме со прашањата кои не зближуваат, кои креираат доверба, а потоа во амбиент на меѓусебна доверба да ги третираме и прашањата за кои имаме разлика. Затоа имајќи ја во предвид улогата на изборите кои обично ги имаат ваквите сензитивни и емотивни процеси убеден сум дека од понеделник влегуваме во нова динамика на комуникација каде што фокусот ќе биде во рационалноста, а не во емоциите", изјави Османи.

И по изборите во Бугарија декларацијата на бугарскиот парламент останува

Во однос на тоа каде ќе гласаат Бугарските граѓани кај нас, Омсани рече дека тие ќе гласаат во нивните ДПК и во пет изборни центри во Скопје, во Штип, во Струмица, во Битола и во Охрид.