Во знак на благодарност до Србија за вакцините дадени на државава Премиерот Зоран Заев во петокот ја објави можноста српските државјани да не плаќаат патарина во земјата.
Тој процени дека вредноста на вакцините што Србија и ги даде на Северна Македонија е поголема од 700.000 евра.
Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство, рече премиерот Заев во интервјуто за телевизијата Канал 5
"Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство“, рече Заев.
Тој повтори дека владата направила се што може околу набавката на вакцините.
Пристигна втора донација од Србија: 20.000 Спутник V дози, следуваат уште 20.000
20 000 дози „Спутник В“ се втора донација од Србија ,а претходно Србија беше донатор на 8.000 фајзерови вакцини.
Филипче: Се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран на ковид-19