Американскиот претседател Џо Бајден разговарал со неговиот украински колега Володимир Зеленски за прв пат откако ја презеде функцијата пред повеќе од два месеци во услови на загрижувачки извештаи за зголемување на руска војска во источна Украина.
„Бајден за време на повикот се обиде да го увери Зеленски за „непоколеблива“ поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина пред руската агресија“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Тој исто така го повикал Зеленски да продолжи да се бори против корупцијата во земјата. Повикот меѓу двајцата лидери доаѓа во момент кога САД ја обвинуваат Русија дека сака да ја заплаши Украина со голем број на трупи на нивната заедничка граница.
Русија денеска соопшти дека нејзините вооружени сили ќе одржат воени вежби близу украинската граница за да вежбаат одбрана од напади на беспилотни летала.