Анкета на „Социетас цивилис“: Македонските граѓани сакаат Фајзер и Спутник

Илустрација

Половина од македонските граѓани изјавиле дека би се вакцинирале, додека 34 проценти од нив одговориле дека не би се вакцинирале. 16 проценти одговориле дека се двоумат, покажува теренската анкета на „Социетас Цивилис”, која била спроведувана од 17 февруари до 10 март оваа година.

Најголем дел од граѓаните, 39 проценти, рекле дека ја преферираат американско-германската вакцина "Pfizer/BioNTech", додека по неа доаѓа руската вакцина "Sputnik V" со 21 процент. Помал интерес има за вакцините "Sinofarm" и "Moderna", додека за најзастапената вакцина во нашата држава, "AstraZeneca", се определиле само 3 проценти од испитаниците.

Видете и ова: Боли што 20% од пријавените не дошле на вакцинација, изјави Заев


27 проценти не знаат која вакцина сакаат да ја примат.

Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада и се спроведува од страна на Националниот демократски институт, Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје и Центарот за управување со промени.