Боли што 20% од пријавените не дошле на вакцинација, изјави Заев

Премиерот Зоран Заев

Апелирам да се јават сите, да ја примат вакцината, ова е важна работа, само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје, само на тој начин ќе ја победиме пандемијата, истакна премиерот, одговорајќи на новинарски прашања, порача денеска премиерот Зоран Заев од Прилеп, каде беше на отворање на модуларна болница.

Тој нагласи дека министерот за здравство го информирал дека вакцинирањето против ковид-19 се одвива со утврдена динамика, но дека „за него било болно“ тоа што до сега 20 отсто од пријавените не се јавиле на закажаниот термин за вакцинација на пунктовите.

Премиерот од Прилеп ја соопшти и динамиката на пристигнување на останатите количини вакцини во април и мај.

Видете и ова: Пандемија - ќе станат ли приватните болници достапни и за оние со потенок џеб?


„Според последниот допис што го имаме, до крајот на април ќе стигнат 200.000, сите како цела количина. Нема да стигаат како другите со по три, осум, 20 или како се најавени. Јас уште еднаш да кажам дека почна вториот квартал, а во вториот квартал еве и „Фајзер“ ги најави 80.000 вакцини дека ќе стигнат. Тие ќе бидат поделени на седмици или на десетина дена како што ќе дојдат. Овој месец ќе стигнат вакцините од ЕУ. Од 651.000 за Западен Балкан, некаде околу 100.000 се за нас и ги очекуваме првите 20.000 или 25.000 да стигнат во април, па понатаму очекуваме на секои 15 дена да стигаат. Спутниковите следни количини ги очекуваме исто така во април да стигнат. Уште една количина до 100.800 вакцини очекуваме да ни стигнат од Ковакс механизмот .Стигнаа 24.000, значи 76.800 ги очекуваме до крајот на арпил месец. Сите овие 78.100 голем дел веќе се нормално искористени кај нашите здравствени работници коишпто до сега беа вакцинирани. Сите овие вакцини ни даваат право да веруваме за комплетниот континуитет“, рече Заев