ВМРО ДПМНЕ ќе признае попис на резидентно население кое е во Македонија меѓу 5 и 30 септември, останатото е евидентирање диајспора. Тоа е наша позиција и сега, и во иднина, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ21. Тој додаде дека иселениците со македонско државјанство не треба да се попишуваат, но кога се работи за избори имаат право да гласаат.
Собранието ќе го одложува пописот, попишувачите не излегоа на терен
„Но пописот е нешто друго. Оние што пријавиле живеалиште во други држави се попишани во други држави и не можеме да ги попишуваме 13 пати. Такви резултати нема да прифатиме. И според методологијата на Еуростат се знае што значи евиденција на дијаспора, а точно што е попис на резидентно население и домаќинства“, рече Мицкоски.