Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја критикуваше „неприфатливата“ забавеност на вакцинацијата против коронавирусот во Европа, која со месеци се соочува со многу загрижувачка епидемиолошка состојба.
„Бавното темпо на вакцинација ја продолжува пандемијата“, соопшти европскиот огранок на СЗО, истакнувајќи дека бројот на нови случаи во Европа нагло се зголеми во последните пет недели.
Видео прилог - Почна вакцинацијата на граѓаните во Македонија
Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге рече дека „вакцините се најдобриот начин за излез од пандемијата“.
"Не само што работат, туку се и многу ефикасни во ограничувањето на инфекциите. Сепак, примената на овие вакцини е неприфатливо бавна", рече Клуге во изјавата, пренесува Бета, повикувајќи се на Франс прес.
„Да бидеме јасни: треба да го забрзаме процесот со зголемување на производството, намалување на бариерите за испорака на вакцини и користење на која било доза што ја имаме на залиха“, рече Клуге.