Џафери за Законот за попис: Не можеме да работиме по партиски договори

Талат Џафери

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, на денешната прес-конференција не прецизираше дали денеска ќе бидат завршени измените во Законот за попис за кој власта и опозицијата постигнаа договор. Со неговите измени пописот и официјално треба да се одложи за во септември.

„Деловникот пропишува одредени рокови и законски постапки поради кои не може да се прецизира тајмингот за негово усвојување во законодавниот дом. Засега е неизвесен ниту почетокот на седницата на која ќе се донесе потребата од измени во законот за попис. Затоа што кажав и на почетокот, секоја одлука, неспорна каква и да е, и сум кажал дека е погрешна одлука на тој начин на преговори, следствено треба да се следи со процедурите на Собранието. Не можеме да работиме по партиски договори“, рече Џафери.

Видете и ова: Одложувањето на пописот може и да не оди лесно


Измените на законот вчера експресно поминаа на владина седница и од власта изјавија дека не очекуваат пречки во донесувањето на измените во Собранието, но собранискиот спикер вчера рече дека „рабоатата не може да оди толку мазно“, бидејќи имало процедури.

Џафери денеска изјави дека поради пропишаните процедури во Собранието тој требало да биде присутен на средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кога разговарале за измените на Законот за попис.